Потребно време за читање: < 1 минута

23. Делничење

Сеедно е дали си подготвен
да се соочиш со сѐ минливо
помеѓу нас,
па потоа да продолжиме
кон бедемите
кои незнајно како го бранат
минатото сосе сегашноста
на градов во распаѓање,
пред да го разурнат
надзедмни и подземни сили,

или ќе продолжиме
да стоиме исправени,
извишени, возвишени,
пред сѐ друго достоинствени
луѓе со свои сенки    
под развеаново знаме
на смрт и слобода
во средиштето
на сите годишни доба.

По којзнае колку
премислувања, домислувања,
премолчувања,
ти со мене продолжуваш
со ведрост и рамнодушност
едновремено
да среќаваш, да доживуваш,
најпрвин да откриваш
убави нешта
кои го продолжуваат животот
сеедно со нас или без нас,

а  никого не пројавуваат
секавичен, неволен
или севремен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here