4. Наместо
Наместо ти со твојот оган
во воздивот
да излезеш пред мене
за живот,
ми испраќаш гласови
што треба да влезат
во мојот сон со тебе
и да се изедначат
според значењето
со мојот молк за нас.
Наместо да се најдеме
во наш заумен свет
како победници
над сите стравови
и безволија
помеѓу една и друга
пустелија,
исчезнуваш ненадејно
во време на мои
најмачни сомнежи
дека повеќе никогаш
нема да се извишам
пред ниедно време
со своја нежност,
искреност
и безбрежност.