Потребно време за читање: < 1 минута

2.

Веќе подолго време, не памети кога точно почна, Македон се интересира за Алшар во Македонија. Засега е на досегашните откритија и сознанија на геолозите, но успеа да ги постави контурите на својата замислена приказна бришејќи ги просторно-временските оддалечености. Која треба да се кажува од изгревање до зајдување на Сонцето.

Додека трае изгревањето се кажуваат откритијата и сознанијата на учените:

Алшар е рудник на талиум, на планината Кожуф. Тој е единствен на светот што го има лорандитот или TIAsS2-талиумов арсеничен сулфат. Станува збор за редок минерал за кој некои сметаат дека може да овозможи добивање на бесплатна енергија, со детектирање односно лоцирање на неутринот кој, пак, има директно потекло од Сонцето. Со други зборови, доколку тој се издвои од талиумот ќе се разберат процесите на генерирање енергија на Сонцето.

Инаку, во Алшар повеќе од пет илјади години се копало злато, талиум, кристали на лорандит, антимон и други минерали. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги дури шест илјади метри, со калдрма.

Прочитај и за ... >>  СОНЦЕВА КРВ ЗА ЉУБОВИ И ДОБЛЕСТИ, За љубови, метафизички роман

Со помош на стар мештанин во селото Мајден, само триста метри оддалечено од Алшар, Македон успеа скришно да се здобие со мало парче лорандит. Жаровито црвен. Го нарече Сонцева крв.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here