fbpx Прескокни до главната содржина

Секидневие, 34-36

Секидневие, дело во создавање, автор: Љупчо Димитровски

34. Сокривалиште

Како секој
пред секое невреме
и јас совреме си направив
сокривалиште
за мене со моите ближни.

Сокривалиште
длабоко подземи
што да не може никој
ни намерно ни случајно
да го пронајде.

Засега нигде не оставив
никаква трага
ниту некаков знак
до него.

35. Врвица

Има една врвица
што води до мој врв
на висока планина.

Ми требаше
многу време
потрошив
многу години
за да ја покријам
со живо трње
со живи корења
и со живи сенки.

Спокоен сум
оти не може никој
да врви по неа
пред мене
или по мене.

36. Огниште

Моите предци
заедно
со моите потомци
направиле огниште
за оган
среде нивни животи
и нивни судбини.

Можам да потврдам
дека огништето
е старо
колку што е стара
пепелта во него.

Колку што е немоста
околу него
која не дозволува
да разгорам нов оган.

СЕКИДНЕВИЕ, Појавности, песни/припеви, 34-36

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.