Потребно време за читање: 2 минути

Дали поради човекот во црно и зашто го кажуваме падот треба да бидам гола? Колку е важно тоа што било?

Сакам да знам како го прифаќаш. Се плашиш ли?

Марија Имотска доаѓаше често кај Сотир Јованов. За неа тој беше интересна и необична личност. Човек во години, со манири кои како да ги наследил од некој минат век. Како да не може да прифати дека одамна му минала улогата во повисоките кругови. И дека такви веќе нема.

Во нашево општество, Сотире Јованов, социјалните разлики не значат и висок, низок, повисок, понизок, највисок, најнизок статус односно повластена позиција, го убедуваше Марија Имотска.

Мислиш? Во заблуда си, Марија Имотска. Во голема заблуда…Сврти се околу себе. Свести се! Проблемот е во нешто друго: во снобизмот на оние што имаат таква позиција. Затоа што ја стекнале сосема неподготвени. Тебе ти пречат моите манири, а јас воопшто не мислам дека се манири, туку едноставно стил на живеење. Зошто би го менувал?

Прочитај и за ... >>  МАРИЈА И ЈАСЕН, роман

Марија Имотска доаѓаше често кај Сотир Јованов. Ги броеше неговите книги и старите часовници.

Сите не сум ги прочитал. Некои досега воопшто не сум ни ги отворил. Се нема време, Марија, никогаш доволно слободно време. Но, сум стекнал едно искуство што многу ми користи: претпоставувам што пишува во нив! А ја земам в раце и ја читам, без оглед дали веќе сум ја прочитал онаа што ми треба во дадено време.

Јас тоа не можам да го раззберам. Како тоа да не си ги прочитал сите?! И од каде знаеш дали си ја зел в раце токму книгата што ти треба, Сотире Јованов?, продолжи да го прашува Марија Имотска.

А како ти и Јасен Виорски знаевте да ме изберете токму мене? Дека јас сум тој што ви одговара?

Не познаваме многу луѓе, Сотире Јованов. Досега само еден непознат вклучивме во нашите состојби. И оној човек во црно што веројатно ќе биде присутен меѓу нас до крајот, се обиде да објасни Марија Имотска…А зошто толку часовници?

Прочитај и за ... >>  Всушност, која ти е целта?

За часовнициве прашуваш? Тоа дека собирам стари часовници, Марија Имотска, тоа е веројатно во врска со Пруст. Неговата потрага по времето. Обид да се влезе во него и да го слушам неговиот ритам! Да го следам кога ќе посакам!

Тоа ни одговара. Ете, во тоа си дел од нас, Сотире Јованов. Биди поздравен!

Не мораш да ме потсетуваш, Јасене Виорски. Знам. Поразот е во осамата!

Точно, Марија Имотска. Едноставно и точно.

А оние што сакаат да се сами? Мислиш дека се поразени порано?

Сигурно, доколку се чувствуваат осамени! Доколку сметаат дека одвреме-навреме е можеби добро и треба така.

Не си доволно јасен, Јасене Виорски.

Некои сакаат одвреме-навреме да бидат поразени, Марија Имотска. Тоа им одговара! Инфериорноста не е никакво зло.

Сега треба да бидеме обајцата голи и долго да водиме љубов.

За да бидеш потоа сама, Марија Имотска?

Не знам.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here