2. Насилнo разделени
Тие сопатници се насилно разделени до којзнае кое и какво време, а обајцата знаат дека можеа да продолжат заедно. Не им дозволија собитијата во нивната земја, не можеа зашто им ја загрозија дури заедничката гола егзистенција. Кои тоа?!
Се знае кои: оние на кои им пречеше нивното сопатништво. Конкретно? Може: властодршците што се плашат од нивната ученост, умност, младешката одлучност и слободоумноста.
Како натаму како насилно разделени сопатници? Брзо ќе смислат. Потоа никогаш дотогаш посилни.