СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман

Потребно време за читање: < 1 минута

10. Заминување од дома

До денот кога Пламен и Бисера решија конечно да прифатат дека до којзнае кое и какво време мора да бидат разделени, да го прифатат самотното сопатништво, што значи конечно да го признаат поразот од насилноста, имаа заедничка пристојна, може да се рече солидна, па и според главните содржини надстандардна живеачка. Да, можеа да продолжат заедно уште некое извесно, сè понеизвесно време, да ги поднесуваат собитијата во земјата со спротивставување на секаков можен начин; без оглед што веќе им ја загрозија заедничката, но сè уште не и личната гола егзистенција. Се решија на разделување најпрвин поради сè посилните и сè пожестоките, сè понеподносливите притисоци на властодршците кои веќе не го криеја стравот од нивната ученост, умност, младешката одлучност и слободоумноста.

Приземната куќа од осумдесетина квадрати во елитната населба „Габерија“, во која живеат неполни дванаесет години, опремена со секаков мебел во класичен стил, има две соби, секоја со по петнаесетина квадрати, за ќерката Ѕвездана и синот Апостол, една спална од дваесетина, за Пламен и Бисера, и една од триесетина квадрати за заеднички дневен престој. Опкружена е со негуван тревник и секакви цветни леи.  На источната страна отворен базен долг дванаесет, а широк пет метри.

Го оставија домот, се поздравија со Ѕвездана, Апостол и втората братучеда на Бисера, Славка, која е „главна за сè“, и тргнаа сами на своите наспоредни врвици на животот. Молчешкум, одвреме-навреме загледувајќи се во далечините. Бисера кон Монтреал, Канада, а Пален кон Бирминген, Англија.

Пред нив ден, зад нив ноќ.

Leave the first comment