1. Самотни
Се знаат тие двајца сами на своите наспоредни врвици на животот. Секако, познаваат и среќаваат други на свои близу и далеку од нив.
Чекорат молчешкум, одвреме-навреме загледувајќи се во далечините.
Напати се штотуку заодени деца, напати полетни млади, напати во зрело доба. Најчесто и најмногу не во години, а снеможени.
Пред нив ден, зад нив ноќ.
___________________
*Овие мои прозни дела ги нареков срцевини зашто се тоа.
Во „Самотни сопатници“ се засебни и едновремено поврзани-делови од целост.