Родители и деца: од „правење“ до растење

Потребно време за читање: 3 минути

Седењето дома доведува и до еден од големите проблеми на 21. век- дебелеењето кај децата, како и недостиг на моторно- сензитивни функции.

Истражувања покажуваат дека играта помага во развојот на интелектуалните способности. Блиска е врската помеѓу играта и здравиот когнитивен развој на детето. Времето кое тоа го минува во играње всушност придонесува за развивање на фантазијата и вештините на решавање на проблеми.

Социјални и емотивни вештини и способности

Истражувања покажаа дека играњето на децата во социјално опкружување позитивно се одразува на нивните способности: соработка со други деца, давање на емпатија, подобра контрола на импулсивно однесување, намалување на агресија;

Како да го поттикнете вашето дете да минува повеќе време надвор?

Пред се скратете му го времето за гледање на телевизија. На почетокот ќе биде тешко, но подоцна детето ќе почне да го заменува времето на гледање на телевизија со други активности. Запишете го на некој спорт или некоја друга активност- учење на странски јазик, хор, танц, свирење на инструмент, креативни работилници за деца…

Потрудете се и други родители да поттикнете да го сторат истото со своите деца. Така сите заедно ќе минувате повеќе време надвор од дома и ќе работите некои едукативни и креативни работи;

Како да се биде родител на еден тинејџер?

Еве 10 совети на експерти кои ќе можат макар малку да ви помогнат:

Грешка бр. 1: Игнорирање на очигледното

Кога тинејџерот наеднаш драстично го менува однесувањето или навиките, ние едноставно тоа не можеме да го прифатиме како нешто вообичаено. Се разбира, ако навистина верувате дека постои некој сериозен проблем, сторете нешто пред да биде предоцна.

Грешка бр. 2: Предавање наместо разговор

Ако сакате вашиот тинејџер да израсне во одговорна личност која може сама да донесува одлуки, морате да научите да го поддржите во тоа. Затоа е често полесно да се каже што тој треба да направи, наместо да се поразговара за можностите и да се покаже како да се избере вистинскиот пат.

Грешка бр. 3: Не исполнувајте ветувања за казни

Морате да поставите граници кои вашиот тинејџер мора да ги почитува и да му дадете на знаење дека ќе сноси последици ако ги премине. Со учење на тинејџерот дека правила не се потребни не сте му направиле услуга, туку напротив. Ќе сторите да се однесува како било и како што сака.

Грешка бр. 4.: Нереално поставување на цели

Важен дел од растењето е и учењето да си поставуваме на себе си цели и да направиме планови како да ги оствариме. Ваша задача во ова е да го охрабрите тинејџерот и да му помогнете да ги направи своите цели можни и остварливи.

Грешка бр. 5.: Очекувате само позитивни резултати

Ние често премногу очекуваме од нашите тинејџери, но и недоволно ги фалиме за она што го постигнале, а од друга страна постојано ги критикуваме за лоши работи.

Грешка бр. 6: Образованието не е туѓ проблем

Многумина родители очекуваат од училиштето да ги учи децата, но и да ги одврати од опасности како што се дрогата, алкохолот и сл. Погрешно! Темелот на воспитувањето на детето е домот, а училиштето може да биде само поддршка во тоа.

Грешка бр.7: Претпоставка дека добрите оценки значат оти и се друго е в ред

Добрите оценки не се ништо друго, освен доказ за успех во учењето. Ако вашиот тинејџер знае дека нема претерано да го контролирате оти има добри оценки, лесно може да се доведе во проблеми од друг вид.

Грешка бр.8: Игнорирање на потребата да издвоите време за семејството

Во современиот начин на живот понекогаш е тешко секој ден да издвоиме час или два за семејството. Но тоа едноставно мораме да го правиме!

Грешка бр. 9: Пребрзо откажување

Тинејџерите без престан го тестираат родителското трпение. Тие се мошне иновативни и во тоа да ни ги оправдаат своите постапки, што сигурно мошне добро го знаете. А вие треба да:
-истраете во своето мислење,
-да бидете доследни и
-да го чувате својот авторитет.

Грешка бр.10: Изразување на гадење над модерните тинејџери

Нормално е да го споредите своето тинејџ- дете со себе кога сте биле во тие години. Но, денешните тинејџери се разликуваат многу од оние во вашето времето. Разберете го тоа и прифатете ги промените

Leave the first comment