Постои ли рецепт за среќа? Има ли секој од нас свој и можеме ли да им го препорачаме на други?
Едно најново истражување укажа на некои заеднички карактеристики што усреќуваат секој човек!
На многу форуми и блогови на Интернет е објавен следниот „Разговор со Бог“:
„Значи, ти би сакал да разговараш со мене?“, рече Бог.
„Ако имаш време“, реков.
Бог се насмевна:
„Моето време е вечноста. Што сакаше да ме прашаш?“
„Што најмногу те изненадува кај луѓето?“
Бог одговори:
„Дека детството им е здодевно. Брзаат да пораснат, а потоа би сакале повторно да бидат деца.
Дека го трошат здравјето за да стекнат пари, а потоа ги трошат парите за да го вратат здравјето.
Дека размислуваат тесно за иднината, заборавајќи ја сегашноста. На тој начин не живеат ниту во сегашноста, ниту во иднината.
Дека живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле“.
Бог ме зеде за рака. Останавме за момент во тишина. Тогаш прашав:
„Како родител, кои животни поуки би сакал да ги научат твоите деца?“
Насмевнувајќи се, Бог одговори:
„Да научат дека никого не можат да принудат да ги сака. Можат само да сакаат. Да научат дека не е највредно она што се поседува, туку кои се во својот живот. Да научат дека не е добро да се споредуваат со други…Да научат дека не е богат оној човек што има најмногу, туку оној кому му треба најмалку. Да научат дека е доволно само неколку секунди длабоко да се повреди сакано суштество, а потоа се потребни години да се излечи. Да научат да простуваат…така што сами да простуваат. Да сознаат дека постојат лица кои нежно ги сакаат, но тоа не знаат да го искажат, ниту да го покажат. Да научат дека со пари може да се купи се, освен среќа и љубов. Да научат дека две лица можат да посматраат ист предмет, а да го гледаат различно. Да научат дека вистински пријател е оној што знае се за нив…а сепак ги сака. Да научат дека не е секогаш доволно други да им простат. Мораат и на самите себе си да си простуваат.
Луѓето ќе заборават што си рекол.
Луѓето ќе заборават што си сторил.
Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си побудил“.
Среќата е заразна, а воспоставувањето на контакти со задоволни луѓе ја поттикнува личната среќа на поединецот, се наведува во студија објавена во медицинското списание „British Medical Journal“.
Професорот по медицинска социологија на американскиот Универзитет Харвард, Николас Кристакис, изјавил дека во своременото доба „се соочуваме си силен налет на емоции“. Тој и политичкиот научник од колумбискиот универзитет во Сан Диего, Џејмс Фаулер, користеле податоци од 1971. година кои ги следат раѓањето, браковите, разводите и смртта на близу 5.000 доброволни испитаници. Освен овие информации, тие навеле и податоци за најблиските пријатели, деловните соработници и соседите.
Двајцата го оценувале нивото на среќа користејќи едноставен тест кој се состоел од 4 прашања. Испитаниците одговарале колку често во изминатата недела биле задоволни од животот, потоа колку се чувствувале среќни, имале верба во иднината и колку се сметале добри во однос на останатите познајници.
Повеќето влегле во групата на среќни и задоволни луѓе, додека остатокот бил оценет како несреќен.
Луѓето со најбогат општествен живот (пријатели, соседи, роднини) спаѓале помеѓу најсреќните, покажале резултатите од студијата.
„Замислете јас да сум поврзан со вас, вие со други, а тие натаму со некои други луѓе. На тој начин функционира оваа фабрика на човештвото…Секое лице се наоѓа на поинакво поле. Замислете да постојат полиња на среќа и полиња на несреќа. Вашата среќа зависи од она што се случува на полето околу вас“, објаснил Кристакис. „Не е само во прашање врската на среќни со среќни, што се случува, туку освен се, се случува тој заразен процес“.
Среќата е позаразна од несреќата, откриле Кристакис и Фаулер.
„Ако вашиот познајник е задоволен од животот, можноста да бидете среќни се зголемува за 15%“, наведува Фаулер, но додава дека секој незадоволен пријател „ја намалува вашата среќа за 7%“.
Освен многу благотворни дејства на среќата, тој наведува дека таа докажано влијае врз помалата стапка на смртност, ги ублажува болките и ги подобрува кардио- васкуларните функции.
Некои луѓе никогаш не доживеале животни незгоди и се што допреле се „позлатило“. Многумина мислат дека е тоа работа на судбината, но езотеричарите тврдат дека е збор за магија.
Еве некои обреди:
Месечев ритуал за отстранување на баксуз
Овој обред се изведува исклучиво ноќе на полна месечина и, како што тврдат езотеричарите, нема подобар начин да се избрка баксузот.
Се земаат неколку разнобојни свеќи: белата го претставува лицето кое го изведува ритуалот, портокаловата донесува промени, светлосината ја неутрализира лошата среќа, а розовата го забрзува процесот. Свеќите треба да се премачкаат со масло од лаванда, а потоа да се наредат на маса.
Секоја се запалува по следниот редослед, со изговарање на одредени бајалки:
-Белата: „Оваа светлина ме претставува мене“.
-Светлосината: „Оваа светлина ја неутрализира лошата среќа“.
-Портокаловата: „Оваа светлина ми ги донесува сите добра во животот“.
-Розовата: „Оваа светлина ја преставува космичката енергија што ги забрзува промените“.
Лицето седи неколку минути загледано во светлината на свеќите, а потоа ја изговорува следнава бајалка:
„Со отворено срце и се радувам на секоја промена, на секое добро што влегува во мојот живот. Среќен (среќна) сум зашто животот ми е полн со радости и секој ден сум безгрижен (безгрижна) и насмеан(а)“.
Ритуал за „полн паричник“
Доколку некого го мачи беспарица, овој ритуал би можел да му донесе промена во животот. Во ноќ на млада месечина да се намачка со борово масло светлозелена свеќа. Да се стави во чинија малку прав од мускатно оревче и цимет, да се измеша со сребрена лажичка и да се фокусираат мислите на благосостојба.
Лицето треба да замислува колку пари би сакало да има на својата банковна сметка. За тоа време фрла три парички се додека не добие комбинација писмо и две глави. Потоа ги става во чинијата со цимет и мускатно оревче, добро ги истркалува во правта, а потоа ги вади и ги вмотува во алуминиумска фолија и ги става во паричник.
Додека го прави тоа, ја потпевнува следнава бајалка: „Волшебниот прав ми носи среќа, зашто имам се што ми е потребно. Парите ми доаѓаат лесно и ги трошам со задоволство. Нека парите не доаѓаат низ смрт, ниту низ нечија несреќа, туку низ радост и веселба, за благосостојба на сите. Нека биде така“.
Оваа малечка амајлија не мора да се држи баш во паричник. Може да стои и во фиока со изводи од банка или на некое друго место со финансиска документација.
За хармонија во домот
Не се вели залудно дека домот е оаза на мир и спокој, а во овие турбулентни времиња на многумина токму семејството и куќата им се извор на стрес и неволи. За тоа да се запре помага магија чие дејство е многу ефикасно.
За почеток, треба да се набави литар изворска вода или дождовница, да се сипа во стаклена чинија и да се стави на маса. Покрај неа да се постават две сини свеќи, една спроти друга, во правец север-југ, додека бели треба да се наместат во правец исток-запад. Ситно да се исечка лисје свежа лаванда и заедно со латици од бела роза да се истурат околу масата и столиците формирајќи заштитен магичен круг.
Да се седне за маса, да се запалат свеќите и да се изговори бајалкава:
„Нека светлост го осветли овој дом и благослови се во него. Тој е сега оаза на мир и спокој за секој што ќе влезе. Мојот дом донесува среќа, радост и враќа насмевка на лице. Во него нема место за зло, а на оној што ќе го донесе ќе му ја уништи лошата умисла и ќе ја претвори во радост“.
И уште еднаш: постои ли рецепт за среќа? Да, постои, и тој е едноставен!
Како да дојдам до среќа, како да ја задржам и да ја зголемам, дали ќе ме следи среќа, колку се други посреќни од мене, дали воопшто знаеме дја препознаеме среќата-се прашања кои отсекогаш го интересираат секого од нас, а одговорите на нив не се единствени.
Сепак, некои научници сметаат дека може да се укаже на некои заеднички карактеристики што го усреќуваат човечкиот вид.
Истражувачи од Велика Британија направиле интересно истражување: дури 40.000 семејства ширум земјата откриле дека заедничкиот семеен ручек најмалку три пати неделно помага да се одржи силна врска помеѓу родителите и децата, што е еден од условите за среќа.
Исто така, податоците покажуваат дека венчаните парови се најзадоволни од својата врска, а најсреќни врски се оние помеѓу студентите кои не се подолги од пет години и се без деца.
Истражувачите пресметале дека среќата почнува во 50-тата година, зашто тогаш се намалува влијанието на стресот, загриженоста и лутината. А интересно е дека тие три фактори се посилно изразени кај жените.
Иако во кризни времиња можеби е, факт е дека парите не се патот до среќата. Така барем тврди истражувањето од 2008. година: просечното британско семејство е поздраво и двојно побогато во однос на 20 години порано, но не е и најсреќно.
Сепак, со пари може да се купи среќа ако мудро се потрошат. Научниците не можат да негираат дека „количеството на среќа“ може да се зголеми со пари вложени, на пример, во убав годишен одмор.
Од сето наведено можеме да заклучиме дека вистинскиот рецепт за патот до среќата е: да најдеме животен партнер, да ручаме што почесто заедно, да живееме во топли краишта, да работиме работа со која можеме да обезбедиме добар годишен одмор и да ја чекаме педесеттата.
А во меѓувреме е само битно да не го прифаќаме животот премногу сериозно.
Иако звучи бесмислено, мошне е едноставно и остварливо, а ништо не не чини да се обидеме.