Релативност

Тивки клокоти

Две суштини на релативноста: можноста и разбирањето.

Инаку речено: можноста значи оти можеш без оглед дали други можат или не сакаат, а разбирањето оти нешто се прифаќа или не денес што вчера не се разбирало.

Само постоењето на живиот личен и колективен свет не е релативно. Имено, тој постои оти е жив или не постои оти во меѓувреме умрел, го снемало како да не постоел.

Две суштини на релативноста на човечкиот живот: тој се живее или не ако е докажан, и се докажува со дело за во свое и нечие време.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 156

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.