Со разум секогаш, свој или од други. Без него никогаш. Со разум секаде, свој или од други, без него никаде. Па и во љубовта-откако ќе се случи. А таа, пак, никогаш не се раѓа од неразумност, туку од убавина, чувство, страст и инстинкт.
Разумот владее кога вреди да се живее, кај што вреди животот.
Разумно да живееш, тоа најпрвин значи да го живееш животот во сета негова полнота, а потоа да ги разбираш состојбите за да ги прифаќаш, да им се прилагодуваш или да ги менуваш.
Разум меѓу разбрани луѓе, со разбирачка за заедничка живеачка.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 87