rabota, work, работа, бизнис, бизнис олигарси, biznis, biznis oligarsi
Потребно време за читање: 2 минути

Сакам да укажам на една проста порака или, ако повеќе милувате, правило на успех, а на што се сведуваат сите погоре наведени и ненаведени пораки на политичките партии со кои се водеше „жестока“ битка за секој глас (како да не!). Важела, важи и ќе важи за сите општества (граѓански и неграѓански), за сите времиња.

Ве потсетив на неа со насловот на ова мое делнично гајле, а во продолжение ќе се обидам малку да ја детализирам односно елаборирам.

Што значи да се работи денес за утре? Значи да се работи сосе вчера. Тоа ќе рече дека, ако вчера не се работело или „непара“ се работело, а најмногу ништо не се сработило, ниту денес се работи, ниту нешто за утре ќе се одработи. Тоа, пак, меѓу другото, претпоставува отчет за сработеното. Во овој контекст тотално погрешна (со негативни ефекти) беше пораката „Напред, не назад!“ или „Саде да не се почнува“. Едноставно, не може да се продолжи без оценката за направеното, сработеното, макар и само почетното. И тоа многу повеќе работеното отколку сработеното.

Прочитај и за ... >>  За животот

На пример, што беше сработено во борбата против криминалот и корупцијата? Ви текнува? Или во подобрувањето на бизнис амбиентот? Не можете да се сетите? Или во „практицирањето“ на независното судство? Се направи нешто во него на тој план? Прашувам што, а не зошто, колку, кога…

Прашајте кого било од успешните бизнисмени, наши или странски, но не од кругот на полит- бизнис олигарсите, на што се должи неговиот успех. Бидете сигурни дека ќе ви одговори вака (дури буквално):

„Работам денес за утре. И се борам против оние што работат денес за денес без вчера“.

А ако го допрашате кои се тие, се знае што ќе ви одговори:

„Оние во власта сосе нивните бизнис олигарси“.

„Работи и/или создавај денес за утре“. Таа е толку честа, до баналност упатувана порака на искусните и мудрите до сите што запреле за миг во чекорењето пред да продолжат, да направат нов (ис)чекор. Од друга страна, таа е толку иронизирана, исмевана, вербално и на секаков друг начин искарикирана порака токму од оние што работат и/или создаваат во корист на сопствената штета или не работат и не дејствуваат на штета во сопствената корист.

Прочитај и за ... >>  Виши ми виши црни очи, Сокол пие вода на Вардаро, Самовилско ѕидање

Работат и/или создаваат (но и дејствуваат) денес за утре оние што дел од своето време и својот опстој го споделуваат со други.

Ама јас сепак акцентот би го ставил не на работењето, туку на создавањето. Многу повеќе ги почитувам оние што создаваат денес за утре. Од проста причина што мислам дека секој, ако не постојано, во континуитет, тогаш барем одвреме- навреме, сакал- не сакал работи денес за утре (макар и заборавајќи на вчера).

Тврдам дека власта мора многу повеќе да создава отколку да работи. И затоа ми „пара уши“ она што го порача „како прво“ премиерот Никола Груевски : дека него и неговата Влада ги чека макотрпна работа.

Мислам дека многу поубаво и поприфатливо би звучела пораката: „Не чека макотрпно создавање“.

Има разлика помеѓу работењето и создавањето денес за утре? Прашајте ги оние што макотрпно создаваат работејќи. Без оглед што не им се признава создаденото. Дури им се омаловажува, унижува, обезвреднува.