Процес

Препев на пев и повев

Додека се случува нешто
што веќе не се издржува
затоа што ја минало
границата на трпението,
зад кулиси од дрвја
и извори
кои заедно се движат
спротивно од зрачни сни,
наместо лево десно,
наместо напред назад,
наместо ноќе пред зори,
танцуваат весело,
танцуваат небрежно
голи танчар и танчарка;
како да создаваат дело
кое допрва со своја сенка
секако ќе заживее.

Нештото
што веќе не се издржува
најмногу наликува
на природен процес
чија цел е нова состојба
на постоење на повев
за препејување
на сите јазици на светот: Се именува како
различност во единство
на која никој не ќе може
да му ја менува
суштината
-слободата, умноста
и свесноста. 

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Зрачат сни, поетска инсталација, 19

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.