Проба

Камено небо

Дали може да не може
кога може без години
замислени измислени
без маска бојосана
со сите бои природни
собрани за игра една
безгранична?

Нозете едвај го држат
исправен на почеток
на претстава која нема
да заврши со нечија
смрт.

Во тек е проба за луѓе
безлични
кои мора да издржат
непознати премрежја
до последен издив
немост и рамнодушие.  

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 60

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.