47. Заткулисно
Не гледам заткулисни
претстави,
ниту помислувам
да учествувам,
да играм некоја улога
во нив;
на пример да сум
нечија сенка
или сокриен
зад некоја маска
што нема да дозволи
никој да не падне
наземи,
особено не поразен
и беден.
Жално, може и трагично
да е дека сѐ повеќе
се играат заткулисни
игри,
со знаени ликови
од светот на дребнави
луѓе,
без престан, без здив,
како едночинки,
пред безлична публика
во мрак;
а притоа на сцената,
пред кулисите
сал се слушаат крици
на ранети сктиници
со скрвавени и отворени
рани.
Дали залудно чекам
да заврши и оваа
заткулисна претстава
кога, како што начув
пред да започне,
безличнава публика
ќе се искачи на сцената,
та ќе ги урне кулисите
на немоста и молкот
што ги обезимени
несетно
помрачувајќи им ја
свесноста.