ПРИПЕВИ, поезија

Потребно време за читање: < 1 минута

25. Глас

Познат глас во свет
на сестрана тишина;
сестрана, безгранична,
во свет неизменлив,
скаменет.

 

26. Добро

Нека е добро со добро
идењето и одењето
на луѓе знајни,
меѓу луѓе незнајни;
за со нас и од нас.

 

27. Од молк

Пред тргање сме
од молк до наша цел
што може секогаш
да биде последна,
спасителна.

Leave the first comment