ПРИПЕВИ, поезија

Потребно време за читање: < 1 минута

16. Коњи

Јурат коњи слободни
низ ветришта улутени;
дека од нив не може
никој да ги достаса
и да ги впрегнат
во војски туѓински
за нови походи.

 

17. Лаги за смрти

Гледам и слушам катаден
лаги за смрти на невини
во војна со беспокој.

 

18. Цутови

Секакви цутови радосни
во нова пролет неизвесна,
со сончева утрешнина,
секако чиста, рожбена.

 

Leave the first comment