34. Ифрат
Ифрат сокриен
меѓу облаци
и молњи
од небо фрлија
на родна земја
и на добри луѓе.
35. Каар
Некој незнаен каар
ми го крши срцето,
ми го одзема здивот
и не ми дава сон
ни во ниедно доба.
36. Мараз
Многу марази катаден
навалуваат на нас
да нè нема и да нè сме,
а еден од нив ќе да е
последен за
во заборав нечовечен.