ПРИПЕВИ, поезија

Потребно време за читање: < 1 минута

1. Моја ѕвезда

Љубов легна,
се разболе,
па исчезна,
ѕвезда стана.

 

2. Заробен

Ме обѕидаа
високи ѕидишта
во слобода
да не летам.

 

3. Трага на постоење

Трага моја сокриена,
пред туѓи ветришта
што траги бришат
дека свои немаат.

Leave the first comment