ДУРИ ИГРААТ ЗБОРОВИ, сосем слободни песни, стихозбирка
На лице
На лице едно нејзино
забележувам гледам
едвај видлива лузна
од којзнае чие
далечно сегашно
и блиско минато време.
Како да не е лузна
како да е трага
од љубов дека била
во молк неискажлива.
Помислувам на болест
неизлечива
која веќе не може
ниту да ја прикрие
камо ли да ја покрие
со ведрост.
Ја убедувам
оти треба брзо
да ѝ ги измијам
лицето и лузната
со сѐ уште жива вода.
(Автор: Љупчо Димитровски)
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.