ДУРИ ИГРААТ ЗБОРОВИ, сосем слободни песни
17. Незаборавна љубов
Она била несомнено
како што е он
постојано во состојба
на замисленост
пред процеси и предмети
во некои свои светови.
Она е несомнено
како што бил он
некогаш далеку
поначесто близу
до некоја вистина
за изгревите и залезите
на годините
секогаш блиски
секогаш далечни.
Они секако ќе бидат
сè додека е он
каков што се знае
себеси
откога се безмерно
далечни
сè додека е она
во неизвесна близост.
(Автор: Љупчо Димитровски)
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.