Почитувањето без самопочитување не вреди ни колку за миг лично достоинство. Второто е посилно пред други блиски или еднакви, а првото показ и доказ на меѓусебна признателност и заедничко дејание и создание.
Те почитувам оти знаеш да го изделиш вредното и трајното, бескрајното и возвишеното од нас за нас, но истовремено да го вреднуваш и признаеш. Признанието и признателноста, пак, не се нужни. Сепак, добро е да бидат доказ за твоето знаење и почитување.
Се разбира, почитувањето, самопочитувањето, признавањето и признателноста мора да се заслужени-дека твоето дејствување или создавање го надминало твоето време, та навлегло во некое заедничко. И оти заслужуваат пофалба.
А самофалбата? Таа може да биде наспоредна, може и да следи по почитувањето, призанието и признателноста, заслугата и фалбата, но само до границата на добриот вкус. Зашто претераното самофалење (фалбаџиство) во голема мера е израз на инфериорност, неретко и на ароганција.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни записи, 147