Пакост-Злоба-Подмолност

Потребно време за читање: < 1 минута

Пакоста е болест на која ѝ нема лек. Врзана е ко со папочна врвка со злобата и подмолноста. Неретко е последична на алчноста од една, и празнотијата на личниот живот од друга страна. Сè сведувајќи на залудна борба за спас од секојдневното живуркање. Со право или не, неретко ги изедначуваат според силината. Особено според последиците. Никои, пак, на крајот на краиштата ги сметаат за синонимни.

Обично, пакосникот, злобникот и подмолникот се насочени повеќе кон други одошто кон друг. За зло, па и за злосторство. Со тоа ја покажуваат и докажуваат сопствената ништожност, бедотијата и личната инфериорност. 

Секогаш треба да се има предвид дека пакоста, злобата и подмолноста не се исти кон блиски и кон далечни. Поголеми се, подлабоки и многу повеќе ги обессилуваат, ги рануваат, ги скрвавуваат блиските. Меѓутоа, несомнено е дека кон далечните е почеста, поповторлива и поприземна.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни записи, 148