Се роди и порасна
до неслутени височини
прекуноќ
опстојно дотолку
што да не може никој
да ја порекнува
неговата опстојба.
Може да се рече дека
не се роди случајно
а во љубовна искра
што распали оган
ниту случајно порасна
прекуноќ
туку совреме беше
сè подготвено
што да не може никој
да го подзапре
а ни да го сопре.
Всушност таква му е
опстојбата
на човек од мрамор
на хоризонт на љубов
пораснат
до неслутени височини.
Дека во заумен свет
дека во непреживеан.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 15




