ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Луѓе, поетска студија, 7

Потребно време за читање: < 1 минута

7. Сонувач

И кога е буден
и кога не сака да биде
следи што се случува со него
особено кога без него
почнува нешто од некој
што не го препознава
како сонувач
а со него се случува нешто
сонето
предел на пример во кој е
на небо ведро или облачно
кој како раскрилен човек
лесно освојува врв
на спокој по возбуда
од конечна победа во битка
со мрачнини и светлини
но кога особено без него
почнува нешто од некој
тој како сонувач е меѓу луѓе
неретко далеку пред нив
кои не разбираат
што им се случува
додека стварноста
им се престорува во заумност
затоа што го загрозува
нивниот опстанок
исто како да сонил буден
дека некако наврапито
излегуваат на виделина
корени многувековни
и им ги обвиваат снагите.