39. Гаснење
Колку ли ноќи без дни
го гаснеше огнот
во неговата пустошија
од почетен збор
до последен молк
дамна со безизразни
маски без лица
и само негова
единтвена самота
знае само неговата
премалена снага
можеби само неговата
свест за нужен опстанок
до последна капка крв
а дали конечно успеа
да го угасне
а дали сосе огнот
во неговата пустошија
среде пеплосана шир
среде хоризонт
конечно може да се надева
да се убедува себеси
дека по којзнае колку
ноќи без дни
ќе се роди нов ден
за спокој и надеж
негови
што ќе му овозоможи
да ја поврати рамнотежата
на природата
во која пустошијата
веќе нема да биде дел
од нивната судбина.