35. Раѓање на рожба
Се раѓа навреме во време
од време и за време
рожба со род
што ќе заживее живот
до плод и по него
возвишен сосе дело
од него создавано
пред народ создадено
препознаено од свет
кој никако да ја надмине
сопствената минливост
рожба за род од дамнина
до немислена утрешнина
доволно стамена
доволно силна
доволно доблесна
да остане постојана
низ секакви премрежија
исконски
веќе е извесно
веќе сигурно ќе се роди
на утрина пред изгрејсонце
со игра може и со смеа
па ќе биде именувана
со вечно име рожбено
кое никој не ќе може
никогаш да го збрише
или да му го одземе
преименувајќи го
ќе биде докажана
со корени среде корени
вкоренети во збор мисла
и писмо.