Назорум

Назорум семка во земја
назорум сонце во сенка
назорум ветар во воздив
назорум живот во живот
назорум страст во љубов
назорум говор по песна
назорум гром по молња
назорум сон по будност
назорум знаци по крици   
назорум бескрај по круг
назорум устрем од сила
назорум надеж од самрак
назорум оган од пустина
назорум спокој од извори
назорум рана од гласови
назорум коски со смрти
назорум земја со сила
назорум семка со устрем
назорум крици со сонце
назорум сенка со знаци
назорум воздив за круг
назорум бескрај за оган
назорум знаци за надеж
назорум спокој за устрем
назорум самрак за крици
назорум живот и молња
назорум песна и живот
назорум љубов и говор
назорум говор и љубов
назорум гром и тишина
назорум време вкоренето
назорум јава скаменета
назорум дира безвремена.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Луѓе, поетска студија, 20

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.