Однесување-Самодисциплина-Самоконтрола-Самосовладување

Тивки клокоти

Однесувај се еднакво спрема секого, ако сакаш да те научат таков каков што си.

Како да се однесуваш? Се разбира, најнапред пристојно, што значи културно и со почит, а потоа доследно, правостојно, торжествено…

Спрема никого никогаш нетактички, неконтролирано, афективно, неразумно, гневно.

Најнапред научи спрема секого да се однесуваш човечки.

При какво било однесување најмногу помагаат: самодисциплината-која претпоставува и упорност и доследност, самоконтролата-која овозможува да се надминуваат секакви премрежја, и самосовладувањето-пред какви било предизвици, наметливости и загрозувања.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 159

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.