Одмаздата заболува, доболува, разболува.
Кому му е нужна таа? На оној кому му нанеле зло, го јадосале, го унижиле, го обезвредниле, го обезличиле, му сториле неправда? Никому. Напротив, може со време да му се врати на оној што се одмаздува.
Но, што е со задоволувањето на правдата? И тоа одмаздувајќи се, но само кога, со оглед на големината на нанесената неправада и последиците од неа, не може да се надмине поинаку. Тоа значи дека меѓу неправдата и одмаздата некогаш е нужно да постои знак на равенство? Да, значи тоа.
А простувањето?Точно е дека тоа е најголема одмазда за нанесено зло. Не може да биде поточно!
Кога е збор за одмаздата, особено значајна за промислување е таа наспоредна со љубовта или сопоставена на неа. Притоа, да не се заборави на онаа помеѓу нив-омразата. Од која многу, неретко најмногу зависи нејзината тежест.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 169