Кој шахист се смета за прв неофицијален светски првак и кога се одржал првиот меѓународен шаховски турнир?
Тоа е професорот по математика и германски јазик Адолф Андерсен (1818-1878.) Роден е во Бреслау (сега Вроцлав во Полска), каде што го минал целиот свој живот.
Андерсен долго бил шампион на Германија во шах. Одиграл голем број мечеви и учествувал на шаховски турнири. Го освоил првото место на 9, 3 пати бил втор, 11 мечеви добил,повеќе од 30 играл реми и само 5 пати изгубил.
Победил на првиот меѓународен шаховски турнир во Лондон, во далечната 1851. (в. подолу), но во светот на шахот останал запаметен според една мошне прочуена партија. Ја одиграл во текот на овој турнир како слободна, со Кизерицки, и во брилјантен стил ја добил во 23-от потег.
Во шаховската јавност Андерсен првин се појавил како композитор на шаховски проблеми. Во 1842. објавил и книга под наслов „Задачи за шахисти”. Бил уредник на „Германски шаховски весник” и на „Нов берлински шаховски весник”.
Првиот официјален светски првак во шах, Штајниц, рекол за Андерсен:
„Тој е најголемиот мајстор на сите времиња, а неговиот блескав стил, убавината на комбинациите и длабочината на мислите се извонредни”.
Значајни имиња: Лудвиг Ердман Бледов и Хауард Стаунтон
Во средината на 19. век се јавила идеја за одржување на меѓународни шаховски турнири. Дотогаш шахистите се натпреварувале само во мечеви.
Германскиот шаховски работник Лудвиг Ердман Бледов (1795-1846.), организатор на првите дописни мечеви, го проектирал одржувањето на првиот меѓународен шаховским турнир во Трир, во 1843., но таа идеја не се остварила. Нешто подоцна, на 8. февруари 1851., познатиот англиски шахист, теоретичар и писател Хауард Стаунтон (1810-1874.) испратил писмо и им упатил порака на тогаш познатите шахисти повикуваќи ги на турнир кој требало да се игра истата година во Лондон.
Од планираните 32-ца шахисти, за турнирот се пријавиле сенасе 16-мина, кои одиграле 4 серии на мечеви, од кои првите 3 биле елиминациони (нокаут- систем).
Интересен е податокот дека средствата за одигрување на турнирот се собрани по пат на претплата, а секој учесник морал да уплати 5 фунти стерлинзи во тој фонд.
Партиите се играле 8 часа дневно, без прекин, но играчите секогаш по сопствена желба играле и подолго.