Нова куќа

Тивки клокоти

Пред штотуку завршена нова куќа, со камено приземје и кат од греди и тули и со бел лимен покрив, долга трпеза полна со различни меса, зготвени јадења, пијалоци, салати и слатки. Околу неа на дрвени клупи испоседнати средовечни мажи во работнички облеки, жени во бели кошули, шарени здолништа, престрилки и шамии на главите. На чело старец во години.

Старецот полека станува, со треперлива рака крева чашка ракија, со насолзени очи и тивок глас им се заблагодарува на испоседнатите за големата завршена работа, нагласувајќи дека радоста му е неизмерна и може спокојно да умре. Уште само да влезе нов живот во куќава. Ја испива ракијата со една голтка.

Куќата е на рид, сама, нема друга во близина. Во подножјето на ридот има неколку камени ѕидови и разурнати куќарки без покриви.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 135

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.