Нижење

Потребно време за читање: < 1 минута

Ниже бојосани
разнобојни мисли
знаци слова траги
сосе предзнаци
на песна бисерна
од гради бели
момински.

Се нижат ноќи
длабоки во години
идни пред огнови
до небо вивнати
гранични.

Нанижани зраци
ѕвездени самрачни.   

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 54