Каде се наоѓа Нежидерското езеро?
-Тоа лежи на австриските Алпи, австриско-унгарската граница. Со својот поголем дел се наоѓа во Градишќе, во Австрија.
Станува збор за плитко езеро, со големина околу 183 км квадратни. Се наоѓа на 115 метри надморска висина, долго е 36 км кв и широко 6 до 14 км кв. Просечната длабочина изнесува 1,8 метри. Нема природно истекување, а значителен дел од брегот е обраснат со трска.
При високи водостои (на пролет) водата се излева, ги поплавува ниските брегови, па езерото тогаш достасува површина до 330 км кв. При средни водостои има длабочина од два метра и површина од 280 км кв. При ниски (првата половина на есента) неговата површина се намалува на 160 км кв.
Околу 80% од неговата акваторија се обраснати со трска, а бреговите му се ниски и мочурливи. Во сливот на езерото годишно влегуваат просечно 710 мм врнежи, а преку притоките се влеваат 220 мм. Во текот на годината испаруваат 900 мм, така што за истекување преостануваат само 30 мм.
По каналот Ханшаг соленестата вода на Нежидерското езеро тече во десната притока на Дунав-Раба, кај градот Ѓер.
Името го добива според австриското гратче Нежидер.
Езерото настанало во време на плеистоценот, пред неколку мкилиони години, веројатно како последица на тектонски субсиденции.
Австрискиот национален парк Нежидерско Сезеро (герм. Neusiedler See) е споен со унгарскиот национален парк Ферто-Хансаг (унг. Fertő-Hanság) во 1991., и заедно покириваат простор од 235.88 км кв. Во 2001. двата дела се впишани во списокот на УНЕСКО на места на светското наследство во Европа, а поради својата вредност како место на составување на различни култури ( во последните 8.000 години) и еволуцијата на симбиозата на човечката активност и физичкото опкружување.
Езерото е богато е со риба (штука, сабјарка), а на неговиот брег живеалиште нашле бројни птици преселници.
Покрај западниот брег се наоѓа австриски орнитолошки (птичји) резерват.
Подрачјето промовира елитен туризам во текот на целата година, и тоа заснован на посматрање на птици и локални производи. Што е проследено со понуда од типот на приватно сместување, помали хотели и локални производи.