НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

201. Ветриште

Ветриштево развева мрачнина,
а навева мразнина безимена.

 

202. На сретпат

Секое пладне на сретпат е
човек гладен и страден.

 

203. Ненадејно

Години меѓу нас, а сега
ненадејно се разминуваме.

 

204. Танц

Танцов никако да го завршиме,
а е за простување и разделување.

 

205. Собрани ближни

Конечно се собрале ближни
околу запустено огниште.

Leave the first comment