471. При крај
При крај сум, мислам,
а ни близу до крајот.
472. Согледувам
Согледувам почеток на свет
многу близок на мојот.
473. Ми се ближи
Ми се ближи облак
што го сечат молњи.
474. Препознавање
Во тебе препознав
ближен далечен.
475. На мисла
На мисла сум сѐ веќе
ништо да не почнувам.