НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

461. Скривница

Направив скривница в земја
за време на војски во походи.

 

462. Знаменосец

Знаме развеал високо
неранлив знаменосец.

 

463. Војување

Почна војувањето откога
мудри немеат околу огнови.

 

464. Сите

Сите напред за никој
да не може да нѐ запре.

 

465. Во мртва тишина

Нема жива душа во живеалиштево,
а и тоа се задушило во мртва тишина.

Leave the first comment