НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

406. Знам

Знам и како и кога и колку
на мојот врв извишен до небо.

407. Немој

Немој да тргаш на пат
самотен, бос и гол.

408. Славје

Се смееме, пееме
и не немееме.

409. Борба

А да ја завршиме борбава?
Премалевме на жештинава.

410. Меѓу

Меѓу живи и мртви ближни
сѐ уште стојам на нозе.

Leave the first comment