НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

356. Таа

Таа ми влегува во сонот
за без неа да не се разбудам.

357. Некој

Некој безличен
ме следи во чекор.

358. За денес

Денеска за денес
сум во овој ден.

359. Сматен лик

Ту се крие од мене сматен,
ту ми се открива загатлив.

360. Видокруг

Во мојот видокруг
најмногу мое и наше.

Leave the first comment