341. Лош предзнак
Сончев зрак гасне
меѓу две планини.
342. Летен дожд
Среде жештина дожд
гола снага накиснува.
343. Плевел
Плевел покрил
запустена земја.
344. Старудија
Самотен човек нема дерман
од секаква старудија околу себе.
345. Последен
Го погреба сопатникот
и си го продолжи патот.