НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

226. Диви ѕверки

Диви ѕверки се нафрлиле
на земја плодородна.

 

227. Зоврива крв

Зоврива крв во срце
јуначко и благородно.

 

228. Премален

Седнал на камен студен
и веќе не може да стане.

 

229. Незнаен скитник

Еден незнаен скитник
конечно се замеша во луѓе.

 

230. Планина стара

Планина стара, а жизнерадосна
оти ја искачиле деца игриви и ведри.

Leave the first comment