НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

291. Несоборлив

Ништо не го соборува
ова грамадно дело.

292. Слепота

Ни збор ни дело на сонце
не ја лечи неговата слепота.

293. Оддалеку

Оддалеку иде сув глас
дека нема поврат дома.

294. Последна љубов

По последна љубов
сал жалба до смрт.

295. Души

Две души стамени
на свој врв искачени.

Leave the first comment