НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

221. Без покрив

Уште само темел камен
од куќава без покрив.

 

222. Исчекување

Белки конечно ќе ги раздува
ветриште облачиштава.

 

223. Јадосани

Се раселија во пустелија
од земја пустошна, опустена.

 

224. Стаен

Во морно време
стаен преживува.

 

225. Прероден

Заоде, заигра и запеа
човек стамен и гласовит.

Leave the first comment