НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

196. Единствена возбуда

Возбуда во песна
што не завршува.

 

197. Меѓу деца

Сум со деца во знајни
и незнајни игри жизнени.

 

198. Лангач

Лаеж на лангач во ноќ
што изѕемнува бездомници.

 

199. Веселба

Неуморно пеат и играат
на сонце убави луѓе.

 

200. Собир

Се собрале слободоумни
на виделина пред бедем.

Leave the first comment