156. Повторливото
Речиси незабележано
чекорење во ниедно време.
157. Дошлак
Не го познавам човеков.
Не ќе е од мојот свет.
158. Засенување
Предолго ми го засенуваш спокојот
со твоето нерешително стоење в место.
159. Пак
Пак јас меѓу луѓе
со тебе, љубов стамена.
160. Улица
Метеж, врева, па молк
меѓу бесплотни незнајни.