НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, двостишија, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

181. Неизлечив студ

Студ обвил коски,
а  угреало сонце.

182. Сопирање

Сопирам пламено
заборав на дело.

183. Гнездо

Под покривот на мојот дом
прави гнездо птица лекокрила.

184. Довик

Од висока гора слушам довик
на човек што ранил немошен елен.

185. Жени тажачки

Жени тажачки немеат над
мртво незнајно младо момче.

Leave the first comment