НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

166. Горливости
Помеѓу две горливости
моето тело: оган и сонце.

167. Тајна трајна
Единствена тајна наша:
љубов недопирлива.

168. Венење
И утрово на студ
мрзне воздивка.

169. Можеби последен јазол

Во неосетлив јазол ги врзав
сите самости на моиве години.

170. Небичас
Небичас заигрувам игра
детинска, безгрижна.

Leave the first comment