Неразбирлив пев на птици

Препев на пев и повев

Од каде ли иде овој пев
што ту личи на крик
ту се разлева во простор
кој денес не личи на денес
камо ли на утре
ко позната песна испеана
во дамнина.

Никаде да се видат птици
на дрвја
ни мртви без свои корени
ни живи со суви гранки.

Овој пев на птици
што личи на крик
или ко песна испеана
во дамнина
е толку тивок
е речиси нечуен
не може ни да се испее
ни да се препее
па засега останува
сам за себе сам по себе.

Никој надежно
не може ни да претпостави
дали е во повев
можеби во лет.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Разурнат град на птици, поетска инсталација, 34

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.