НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

53. Стравувам

Нема ни зошто ни затоа
кога живот еден последен
згаснува истовремено
на прерано изгрејсонце
и на предоцна зајдисонце.

Зашто се нашол
меѓу два огна до небо
извишени,
меѓу два мрачни облака,
меѓу две бесвесности.

Затоа веќе ни збор не може
да премолчи, да изусти,
ни последна капка крв
од надеж земја да натопи.

Стравувам дека конечно
ништо не било ко што е
и ништо нема да биде
допрва во мразнинава,
во празнинава.

Leave the first comment